Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 31 октомври 2026, 11:22 ч.
Народна банка Србија утрово ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“ во Србија. Српската „Алта банка“ пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
По најновите случувања во Србија денес АЛТА банка АД Битола излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, по најновите случувања поврзани со Алта банка во Србија.
Од банката посочуваат дека се самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.
„АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење. Сите експозитури и банкомати функционираат нормално, а клиентите имаат непречен пристап до своите средства“, наведуваат од банката.
Велат дека дека граѓаните можат слободно да располагаат со своите депозити, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат сите банкарски трансакции, согласно вообичаените услови на работење.
Од АЛТА банка нагласуваат дека случувањата во Србија не значат автоматска промена на финансиската состојба или правниот статус на банката во Битола.
Објаснуваат дека околностите во Македонија се суштински различни од оние во Србија и дека банката не е предмет на политички притисоци и пресметки од карактерот на оние што ги одбележаа случувањата кај северниот сосед.
Додаваат дека депозитите на физичките лица се осигурени преку Фондот за осигурување на депозити, согласно законските услови и лимити.
Редакција
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025