Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 6 ноември 2026, 10:01 ч.
И покрај тоа што системот „Сејф Сити“ придонесе за видливо намалување на жртвите во сообраќајот, како што беше најавено ќе има и други методи на регистрирање сообраќајни прекршоци.
Причината е што има возачи кои ги почитуваат правилата само пред камерите, додека на останатите делници продолжуваат со старите навики. За да се стави крај на ова однесување, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дејствување со нови оперативни мерки.
Дел од полициските возила ќе бидат мобилни во откривањето и санкционирање сообраќајни прекршоци.
„Во иднина заради тоа што сега ги научивме камерите каде се и знаеме дека каде што има камера возиме така како што треба, каде што нема камера, повторно имаме поинаков тип на управување со моторно возило. Во иднина голем број, јас нема да кажам од старт колку, но голем број од полициските возила кои што ги има Министерството за внатрешни работи ќе бидат во исто време и уреди со кои што ќе може да се констатираат неколку прекршоци“, вели министерот Тошковски.
Инаку, статистиката за изминатите десет месеци од годината покажува позитивен тренд – бројот на жртви во сообраќајни несреќи е спуштен на 84 лица, што претставува пад за 33 загинати помалку во споредба со ланскиот период. Сепак, целта останува понатамошно намалување на овие црни статистики.
А.Ш.
6 ноември 2026
6 ноември 2026
6 ноември 2026
6 ноември 2026
5 ноември 2026
5 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025