Актуелно: Не само камерите, и полициски возила ќе „ловат“ несовесни возачи   •   ДЛУБ ја постави ноемвриската изложба во чест на Битола    •   Изборите во САД ги тресат берзите, најпогодени компаниите поврзани со вештачка интелигенција    •   Температурите ќе се спуштаат и под нула    •   Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови   •   Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола   •   Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова   •   Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани   

Свет

Изборите во САД ги тресат берзите, најпогодени компаниите поврзани со вештачка интелигенција

Објавено: 6 ноември 2026, 08:51 ч.

Изборите во САД ги тресат берзите, најпогодени компаниите поврзани со вештачка интелигенција

И покрај општите очекувања дека победата на Демократската партија на меѓуизборите во САД ќе донесе економско смирување на глобално ниво преку крај на конфликтите во Персискиот залив и отстапување од високите царини за странска стока, берзите во Источна Азија регистрираа значителен пад. Инвеститорите стравуваат дека промената на политичкиот сооднос во Вашингтон може негативно да се одрази врз технолошкиот сектор и да предизвика нов скок на цените на енергенсите.

Меѓуизборите во САД завршија со убедлива победа на демократите, што теоретски требаше да ги смири пазарите со оглед на очекувањата дека новите пратеници ќе ја ублажат политиката на високи царини на претседателот Доналд Трамп. Сепак, берзите во Јапонија, Јужна Кореја и Тајван веднаш по објавувањето на резултатите забележаа пад од еден до пет проценти, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со вештачката интелигенција.



Тежок удар за производителите на полупроводници

Акциите на јужнокорејските гиганти за производство на мемориски чипови неопходни за дата-центри, „Samsung Electronics“ и „SK Hynix“, паднаа за седум, односно девет отсто. Јапонскиот производител „Kioxia“ забележа исто така пад од девет проценти, додека тајванскиот гигант за логички чипови „TSMC“ – кој има инвестирано или планира да вложи вкупно 265 милијарди долари во САД – забележа благ пад од 2,2 отсто.

Аналитичарите посочуваат дека до оваа несигурност доаѓа бидејќи новиот состав на Конгресот и Сенатот, стремејќи се да им се спротивстави на олигарсите блиски до републиканците и да излезе во пресрет на гласачите кои се противат на изградбата на нови дата-центри, би можел драстично да ги намали државните субвенции за оваа индустрија и да ја забави реализацијата на постојните проектите преку строги истраги и инспекции.

Евентуалното одложување или откажување на овие проекти во САД сериозно би ги погодило не само производителите на чипови и сервери во Источна Азија, туку и производителите на придружна опрема во земјите во развој како Виетнам, Малезија и Филипините.

 
   

Најнови вести

6 ноември 2026

Не само камерите, и полициски возила ќе „ловат“ несовесни возачи

6 ноември 2026

ДЛУБ ја постави ноемвриската изложба во чест на Битола

6 ноември 2026

Изборите во САД ги тресат берзите, најпогодени компаниите поврзани со вештачка интелигенција

6 ноември 2026

Температурите ќе се спуштаат и под нула

5 ноември 2026

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

5 ноември 2026

Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола

4 ноември 2026

Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова

4 ноември 2026

Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми