Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 29 октомври 2026, 17:59 ч.
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени на локацијата Тумбе Кафе во Битола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На локацијата досега се пронајдени преку 4.000 бомби од Првата светска војна.
„Се отстранува голема опасност за куќите кои се наоѓаат на 200 метри воздушна линија од местото со бомби. Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола поради недостиг на стручни кадри во ДЗС му помагаат и тројца пензионирани припадници од МВР, “ вели Ангелов.
Тој исто така упати и апел до граѓаните. „Доколку забележите предмет што наликува на бомба, граната или друг проектил, пријавете на 112. Не допирајте и не поместувајте го предметот, бидејќи може да биде смртоносно опасен“, вели тој.
Деталите за акцијата можете да ги слушнете од видеото од изјавата на директорот Ангелов:
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025