Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 29 октомври 2026, 17:38 ч.
ФПСМ стана полноправна членка на Меѓународната Федерација за Ски-планинарство (ISMF). Одлуката ја донесе Пленарното Собрание на ISMF, одржано на 16ти и 17ти октомври 2026 година во Закопане, Полска.
Во своето обраќање на Генералното Собрание во Закопане, Претседателот на Федерацијата на Планинарски спортови на Македонија, Даниело Божиновски изјави:
„Ова е ден за сите генерации планинари кои ги искачуваа Шара и Пелистер на скии – од пионерите од 1926 и 1940 година до денешните натпреварувачи. Полноправното членство во ISMF е признание за нивната работа, но и обврска.
Сакам јавно да им се заблагодарам на Томица Котевски, претходниот Претседател на Комисијата за турно скијање при ФПСМ, и на Петар Нолев. Нивниот придонес за развојот на овој спорт е огромен, а нивната работа е темелот врз кој денес стоиме. Без нив оваа мисија немаше да успее. Сега пред нас е нова задача: да создадеме услови младите да тренираат, да се натпреваруваат и да ја претставуваат Македонија на светските трки. Тоа им го должиме и на пионерите и на генерациите што доаѓаат.“
Со тоа македонското ски-планинарство официјално станува дел од светското семејство на SkiMo - спорт кој на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026 го имаше своето олимписко деби.
Со полноправното членство ФПСМ станува официјален претставник на македонското ски-планинарство во ISMF, која од 2016 е целосно признаена од Меѓународниот Олимписки Комитет. Денес, во ISMF члeнуваат повеќе од 50 национални федерации.
Фотографија: Федерација на планинарски спортови на Македонија
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025