Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Свет

Белградска берза привремено ја суспендираше Алта банка - привремено и е забрането тргување со акциите

Објавено: 2 ноември 2026, 12:26 ч.

Белградска берза привремено ја суспендираше Алта банка - привремено и е забрането тргување со акциите

Белградската берза а.д. Белград донесе итна одлука за привремена суспензија на правото на пристап до трговскиот систем за својот член „Алта банка АД Белград“. Оваа мерка доаѓа откако Народната банка на Србија (НБС) донесе одлука за одземање на дозволата за работа на оваа банка и утврди исполнетост на условите за покренување стечајна постапка.

Согласно одлуката на Белградската берза, привремената суспензија стапува во сила веднаш, односно од 2 ноември 2026 година, и ќе трае најмногу пет берзански состаноци, односно заклучно со 6 ноември 2026 година. За време на оваа мерка, на Алта банка и на нејзините овластени брокери целосно им се оневозможува пристап и користење на трговскиот систем за поднесување и извршување на налози за тргување, а Берзата ги повлече и преостанатите активни налози на банката.

Од Белградската берза појаснуваат дека ваквата итна мерка е преземена поради природата и тежината на околностите што јавно ги соопшти НБС, со цел да се заштити деловната сигурност на инвеститорите, останатите учесници на пазарот и уредното функционирање на берзанскиот систем.

Народната банка на Србија претходно, на 30 и 31 октомври 2026 година, јавно соопшти дека поради значајно влошување на финансиската состојба и ликвидноста на банката, како и загрозување на интересите на депонентите, и е одземена дозволата за работа. Воедно, донесено е решение за исполнетост на условите за покренување стечај, а управувањето со банката е пренесено на Агенцијата за осигурување на депозити.

Од Берзата нагласуваат дека по приемот на конечниот официјален акт од надлежните органи, дополнително и итно ќе се испита исполнетоста на условите за целосно престанување на статусот на член на Берза за Алта банка.

Документот на Белградската берза може да се види на следниот линк: https://bgdx.rs/o_berzi/vesti/106141

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми