Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 30 октомври 2026, 18:10 ч.
Македонската заедница во Викторија уште еднаш ја потврди својата силна поврзаност со корените и традицијата, собирајќи голем број иселеници, семејства и пријатели на овогодинешниот Македонски фестивал на храна. Настанот се одржа во недела, на 25 октомври, во Томастаун.
Македонското културно-уметничко друштво „Јане Сандански“ се претстави со посебна изложба на автентични македонски народни носии. Посетителите имаа можност одблиску да ги погледнат рачно изработените парчиња од фолклорното богатство, од кои секое преку своите везови и орнаменти раскажува посебна приказна за македонскиот идентитет и татковината.
Фестивалот, кој ги започна своите скромни почетоци во Вилијамстаун уште во 2012 година, низ годините се одржуваше во повеќе делови на Викторија – Саут Моранг, Футскреј, Алтона и Сиденхам – за годинава да го пронајде својот дом во Томастаун.
Од организацискиот комитет посочуваат дека срцето и душата на фестивалот се луѓето, семејствата и заедничката гордост.
Главната цел на фестивалот останува непроменета: промоција на богатата македонска кујна, култура и фолклор пред пошироката австралиска јавност, поддршка на локалните фолклорни ансамбли, спортски и социјални клубови, како и достоинствено претставување на македонската култура и наследство.
П.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025