Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Со "Чествување на заветот" и премиерата на "Мајка" Бабец Театарот од Битола одбележа 16 години постоење

Објавено: 12 август 2026, 14:26 ч.

Со "Чествување на заветот" и премиерата на "Мајка" Бабец Театарот од Битола одбележа 16 години постоење

Бабец Театарот од Битола одбележа 16 години постоење со два настани. "Чествување на заветот" по повод 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков во НУ Народен Театар Битола и во НУ Центар за култура, беше изведена премиерата на детската претстава "Мајка (magna mater)" авторски проект на Марјан Георгиевски во продукција на Бабец театар.

Пред речиси 8.000 години, на македонска почва, во неолитска куќа во Тумба Маџари, покрај огништето — некој зел кал и ја направил „Голема Мајка” — Magna Mater. Таа стои со широко отворени раце, го држи покривот над главата. Чувар на домот во кој човек се раѓа, живее и умира.

Оваа претстава е за тој круг. На оваа почва мајката никогаш не била само мајка. Таа била оска околу која се вртело сè — домот, семејството, земјата, родот. Ги раѓала децата, ги хранела, ги испраќала во светот, ги чекала назад. Нашите предци ја виделе таа сила и ја претвориле во божица — ја поставиле во центарот на куќата. 

Оваа претстава е посветена на мајката која те родила. И на земјата која те носи/крепи. Зашто тие две — одамна се исто.  Истата топлина. Истата трпеливост. 

Истата љубов која не бара ништо за возврат. Животот поминува. Magna Mater останува. „Кога го создававме Бабец театар, имавме една едноставна, но силна идеја – да создадеме место каде што љубовта кон театарот, креативноста и детската насмевка ќе бидат најголемата вредност. Денес, 16 години подоцна, гордо можам да кажам дека таа идеја прерасна во приказна која остави трага кај илјадници деца, родители и љубители на театарската уметност. Благодарен сум на сите актери, соработници, пријатели и поддржувачи кои беа дел од ова патување. Најголемата награда отсекогаш била искрената детска насмевка и аплаузот по секоја претстава“, изјавија Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски, основачите на Бабец театарот.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми