Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Филмска магија по 47 пат во Битола - ИФФК „Браќа Манаки“ со импресивна програма, рекорден број гости, филмови и кино на отворено

Објавено: 18 септември 2026, 16:09 ч.

Филмска магија по 47 пат во Битола - ИФФК „Браќа Манаки“ со импресивна програма, рекорден број гости, филмови и кино на отворено

Годинава имаме импресивна програма со рекорден број филмови и едукативни содржини. Морам да потенцирам дека имаме прекрасни автори и огромна бројка на гости на ова издание. Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен и ред истакнати имиња од светската кинематографија, рече на денешната прес конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Како новина беше истакнато киното на отворено кое ќе се одржува во Музејот на Битола и бесплатно ќе може да се погледне макпоинт програмата.

Проекциите од главната селекција ќе се реализираат во Центарот за култура каде е обезбедено ново платно и нов проектор кој ќе се користи за потребите на Фестивалот и ќе го подобри квалитетот на проекциите со цел публиката да ужива во програмата на Фестивалот.

-Оваа година како Друштво на филмски работници започнуваме соработка со Европската филмска академија. Нивниот Cinematographers chapter се грижи за кинематограферите и нивната промоција. Заедно со Европската филмска академија започнуваме серија на панели на кои ќе разговараме за битни прашања поврзани за работата на кинематограферите, техничките услови во кои работат и ред други аспекти на нивната работа. Годинава, панелот ќе се одржи на 21 септември во рамките на фестивалот на кој ќе ни бидат гости Тимо Салминен и Јануш Камински, рече претседатеклата на ДФРМ, Марија Димитрова, која се заблагодари на директорот на фестивалот и на неговиот тим, Агенцијата за филм, генералниот спонзор А1 и останатите спонзори, како и Општината Битола без чија помош, како што подвлече Димитрова, не би можеле да го реализираме фестивалот 47 години.

Таа посочи дека и претставува голема радост што макпоинт програмата е повторно дел од фестивалската програма.

-Во неа имаме многу македонски филмови и сметам дека тоа е мошне важно за македонската кинематографија и за да може нашата публика да ги види филмовите. Подготвени сме за утрешниот почеток на фестивалот и се надевам дека и вие и публиката ќе уживаме во сите содржини, рече Димитрова.

47. ИФФК „Браќа Манаки“ се отвора утре во Центарот за култура во Битола со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума.

Фото: Фестивал Браќа Манаки, Дамијана Ристевска

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми