Актуелно: Андријана Арлен со концертот „Silver Night“ доајѓа во Битола - Музичко-визуелен спектакл во Центарот за култура   •   Непобедлив на мото стазата: Христиан Илиoвски Кико е нов Државен Шампион на Македонија во мотокрос за 2026 година   •   Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело   •   Битола се подготвува за вински фестивал - Два дена исполнети со врвни вина, извонредни вкусови и музика   •   Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува со иста цена   •   Научници од Харвард откриваат: Mенталниот мир зависи од здравјето на цревата, што јадеме има големо влијание   •   Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   

Култура

Андријана Арлен со концертот „Silver Night“ доајѓа во Битола - Музичко-визуелен спектакл во Центарот за култура

Објавено: 26 октомври 2026, 20:21 ч.

Андријана Арлен со концертот „Silver Night“ доајѓа во Битола - Музичко-визуелен спектакл во Центарот за култура

„Сребрена ноќ“ e ексклузивна турнеја на Андријана Арлен, каде класичната, филмската и современата музика се спојуваат во 90-минутен аудиовизуелен спектакл.

Битолската публика на 12 ноември 2026 година ќе има можност да биде дел од ексклузивно музичко-сценско искуство. Во Големата сала на НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи премиум концертната вечер „Silver Night“ на познатата шведска пијанистка и композиторка Андријана Арлен.

Концертот е дел од нејзината светска турнеја „Live Tour 2026“ и претставува 90-минутно аудиовизуелно патување во кое класичното пијано се спојува со современ звук, уметничко осветлување и кинематографски визуелни ефекти.

Богата сцена и истакнати гости

На сцената во Битола, покрај Андријана Арлен на пијано, ќе настапат и голем број домашни изведувачи и гости кои ќе придонесат за збогатување на овој перформанс:

Битолскиот камерен оркестар (DIVA)

Балетското студио „Анабела“

Љупчо (Saxman)

Дарко Тодоровски (вокал)

DJ Zorbital

Турнејата е во организација и продукција на Инфера Студио. Со спојот на класичниот инструмент, камерниот оркестар, балетските движења, саксофонот и модерните електронски ритми концертот ветува единствена атмосфера.

Андријана Арлен е шведска уметница препознатлива на светската „classical crossover“ сцена. Својата посветеност кон музиката ја започнува на 12 години, изучувајќи ги делата на мајсторите како Бах, Бетовен и Шопен. По магистрирањето на престижната Музичка академија во Шведска, настапува како солистка во Шведска, Данска, Италија, Србија и Бугарија.

Во 2021 година е добитничка на две значајни музички награди, а зад себе ги има и популарните изданија Chasing Dreams, Soul of Tears, Christmas Piano Stories и Meet Me on Christmas.

 А.Ш.
   

Најнови вести

26 октомври 2026

Андријана Арлен со концертот „Silver Night“ доајѓа во Битола - Музичко-визуелен спектакл во Центарот за култура

26 октомври 2026

Непобедлив на мото стазата: Христиан Илиoвски Кико е нов Државен Шампион на Македонија во мотокрос за 2026 година

26 октомври 2026

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

26 октомври 2026

Битола се подготвува за вински фестивал - Два дена исполнети со врвни вина, извонредни вкусови и музика

26 октомври 2026

Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува со иста цена

26 октомври 2026

Научници од Харвард откриваат: Mенталниот мир зависи од здравјето на цревата, што јадеме има големо влијание

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми