Актуелно: Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело   •   Битола се подготвува за вински фестивал - Два дена исполнети со врвни вина, извонредни вкусови и музика   •   Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува со иста цена   •   Научници од Харвард откриваат: Mенталниот мир зависи од здравјето на цревата, што јадеме има големо влијание   •   Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   

Култура

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

Објавено: 26 октомври 2026, 17:36 ч.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски.

Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година.

Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја.

Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела.

Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели:

„Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола.

Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност.

На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други.

Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други.

Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти.

Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело.

Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“, велат од битолскиот театар.

 А.Ш.
   

Најнови вести

26 октомври 2026

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

26 октомври 2026

Битола се подготвува за вински фестивал - Два дена исполнети со врвни вина, извонредни вкусови и музика

26 октомври 2026

Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува со иста цена

26 октомври 2026

Научници од Харвард откриваат: Mенталниот мир зависи од здравјето на цревата, што јадеме има големо влијание

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми