Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 19 јули 2026, 12:01 ч.
Со свеченото отворање на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, „Илинденски денови“ ја започнаа и својата филмска приказна.
Фестивалот беше отворен со краткиот филм „Муралите на Д10С“ на Лучијано Начи (Аргентина/Италија) и долгометражниот „Никаде во светот“ на Ванина Лапа (Италија).
Во кино „Манаки“ на КИЦ Битола јубилејното петто издание Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ годинава на филмофилите ќе им понуди 42 документарни филмови.
Создадовме програма која е богата и продуктивна во своето истражување на темите што ги обработуваме. Со голема чувствителност овие филмови на некој начин го креваат превезот врз еколошките, социјалните, културните и човечките превирања, што ги зафаќаат современите општества низ целиот свет. Ова е нивната вистинска сила бидејќи документарецот е непроценлив по тоа што е хибридно дело, точка на контакт меѓу уметноста и истражувањето, меѓу креативниот израз и научното истражување. Несомнено, желбата за пренесување на знаења и вредности се амбиции кои се совпаѓаат со оние на „Илинденски денови“, истакна Тони Гламчевски, селектор на фестивалот.
На свечениот почеток на фестивалот, директорот на НУ Центар култура-Битола, Сашо Илковски нагласи дека Етнографскиот филмски фестивал е значаен дел од „Илинденски денови“ затоа што ја надополнува мисијата на фестивалот да го истражува, да го документира и афирмира нематеријалното културно наследство и преку филмската уметност да создава нови точки на поврзување меѓу различните култури и луѓето.
Сакам да искажам голема благодарност до Агенцијата за филм на Република Македонија што го поддржа фестивалот, до Министерството за култура и туризам на Република Македонија, до Општина Битола, благодарност до КИЦ Битола и БитФест и до сите пријатели на фестивалот.
Интернационалниот етнографски филмски фестивал и годинава ја потврдува својата улога како една од најзначајните фестивалски точки на „Илинденски денови“ – место каде што филмот не само што ја документира традицијата, туку отвора разговор за светот во кој живееме денес.
Во наредните денови Битола ќе биде место каде што документарниот филм ќе раскажува за луѓето, нивните обичаи, идентитети и светови. Приказни од различни континенти, но со исти прашања за тоа кои сме и што оставаме зад себе.
Фотографии: Официјален фејсбук профил на фестивалот Илинденски денови
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025