Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

ВЕЧЕР СО ПОЕЗИЈАТА И ДУХОВНОСТА: Битолчанката Вера М. Самарјанин ги промовираше своите нови изданија во Кавадарци

Објавено: 5 септември 2026, 10:37 ч.

ВЕЧЕР СО ПОЕЗИЈАТА И ДУХОВНОСТА: Битолчанката Вера М. Самарјанин ги промовираше своите нови изданија во Кавадарци

Во организација на Здружението „Тиквешки цветови“ и со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во Кавадарци се одржа свечена промоција на најновите дела на истакнатата авторка Вера М. Самарјанин.

Настанот, кој се одржа на 1 септември, започна во храмот „Свети Димитрија“, а потоа продолжи со дружење во ресторанот „Монако“. Со ова беше за заокружена една вечер исполнита со духовност, поезија и музика — три нишки кои според присутните се испреплетоа во незаборавна целина, вели авторката.

Поводот за оваа културна манифестација беше јубилеен: промоцијата на 149-тата и 150-тата авторска книга на Вера М. Самарјанин, како и презентацијата на нејзината нова детска сликовница со наслов „Ива и Џуле“, наменета за најмладата публика.

Авторката Самарјанин ја истакна својата длабока благодарност за бесплатната поддршка и беспрекорната организација. „Почекав да се соберат впечатоците од сите присутни. Останав без зборови тогаш, понесена од радосната возбуда, а тешко ги наоѓам вистинските зборови и сега со кои би ја изразила мојата благодарност. Оваа промоција ќе остане запаметена како еден од оние мигови што продолжуваат да живеат во сеќавањето“, изјави таа.

Посебна благодарност од страна на авторката и публиката беше упатена до Митрополитот г. Агатангел, членовите на Здружението „Тиквешки цветови“ и нивната претседателка, г-ѓа Марија Црвенковски, кои со својата посветеност и гостопримство овозможија настанот да помине во топла и достоинствена атмосфера.

Според впечатоците на бројните гости и љубители на пишаниот збор, Кавадарци беше домаќин на редок културен настан кој остави силен белег во духовниот и литературниот живот на градот.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми