Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 27 септември 2026, 18:50 ч.
Со одлична музика, позитивна енергија и рекорден број гости од цела Македонија, синоќа во Ресен беше заокружена третата и последна вечер од забавниот дел на традиционалната манифестација „Јаболкобер“.
Главна ѕвезда на завршната вечер беше балканската музичка ѕвезда Данијела Мартиновиќ, која ги собра посетителите на градскиот плоштад и приреди атмосфера за помнење. Присутните во еден глас ги пееја нејзините најголеми хитови, правејќи вистински спектакл за сите генерации.
Покрај Данијела, за одличната забава и доброто расположение се погрижија и Александар Прија и Наум Бумбаровски, додека музичката програма беше финално заокружена со енергичниот настап на ConTruDJBand.
За успехот на настанот се огласи и градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, кој истакна дека „Јаболкоберот“ уште еднаш потврдил оти Ресен и Преспа имаат капацитет да бидат врвни домаќини на големи музички имиња и настани кои ја обединуваат цела држава.
Фотографии: Општина Ресен
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025