Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Невремето проследено со поројни дождови го одложи концертот на оркестарот DIVA во Битола за 8 јули

Објавено: 1 јули 2026, 14:30 ч.

Невремето проследено со поројни дождови го одложи концертот на оркестарот DIVA во Битола за 8 јули

Концертот на отворено на познатиот оркестар „DIVA“ (Orchestra DIVA), кој требаше да се одржи овој петок во Битола, се одложува за следната недела поради најавите за лоши временски услови. Како што информираат од организацијата, новиот термин за музичкиот настан е 8 јули, а локацијата и времето остануваат исти.

Од оркестарот „DIVA“ појаснуваат дека одлуката е донесена со цел да се осигура безбедноста на сите присутни, со оглед на тоа што метеоролошките прогнози предвидуваат пообилни врнежи од дожд и електрични празнења.

„Во изминатите два дена внимателно ја следиме временската прогноза. Иако лани на Flowers Symphonу нè изненадија неколку капки дожд, сепак за овој петок најавите се за понестабилно време, а безбедноста на публиката, музичарите и целата екипа ни е на најважно место. Поради тоа, одлучивме концертот да го одложиме за следната недела. Исто место, исто време, само различен датум“, се вели во соопштението на организаторите.

Информации за влезниците и рефундација

Организаторите испратија и важни насоки до сите граѓани кои веќе обезбедиле билети за настанот:

Важност на билетите: Сите веќе купени влезници ќе важат и за новиот термин на 8 јули.

Повраток на средства (Рефундација): Граѓаните кои нема да бидат во можност да присуствуваат на концертот во новиот термин, можат да извршат рефундација на средствата на самото место каде што е купена влезницата (Тобако „Димпо“).

Онлајн билети: Оние кои ги купиле своите билети по електронски пат, за рефундација можат да се обратат на е-маил адресата: info@yournextevent.info.

Од оркестарот упатија благодарност до публиката за разбирањето и трпението, со порака заеднички да го наполнат Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола во новиот јулиски термин. .

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми