Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 8 август 2026, 14:31 ч.
Ова лето љубителите на добрата музика во Битола и Охрид ќе имаат можност да уживаат во спектакуларниот концертен проект „Flowers Symphony“, во изведба на Оркестар DIVA под диригентската палка на Владимир Димовски.
Музичкиот настан ќе донесе раскошна програма со повеќе од сто учесници на сцената. Посетителите ќе уживаат во изведби на најубавите италијански канцони, оперски арии и незаборавни филмски теми. Покрај оркестарот, на сцената ќе настапат Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани, како и хорот „Гортинија“ од Гевгелија под раководство на Илија Атанасов. Како специјални гости на концертите ќе се појават Наде Талевска и Билјана Талевска.
Концертите ќе се одржат според следниот распоред:
Битола: 17 август со почеток во 21:00 часот, во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола
Охрид: 18 август со почеток во 21:00 часот, на сцената Долни Сарај – Охрид
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025