Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Зад секој мој успех стои и името на мојата Македонија: Дивна Пешиќ Грозданов со прво место на American Art Awards 2026

Објавено: 23 октомври 2026, 22:23 ч.

Зад секој мој успех стои и името на мојата Македонија: Дивна Пешиќ Грозданов со прво место на American Art Awards 2026

Македонската уметница и олимпијка, Дивна Пешиќ Грозданов, освои прво место на меѓународниот натпревар American Art Awards 2026.

Таа се закити со првото место во категоријата Апстрактен експресионизам со своето дело „Воздигнувањето на интелигенцијата“ (The Ascendancy of Intelligence). Ова е нејзина трета победа на светски натпревари во 2026 година во рамки на нејзината 34-годишна ликовна кариера.

Пешиќ Грозданов го упати овој успех и како посебна честитка за државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„Да победиш еднаш е достигнување. Да победуваш последователно е наследство. Иако ова не е моето прво светско прво место во мојата 34-годишна ликовна кариера, чувството на радост, исполнетост и гордост е секогаш непроценливо! Особено кога знам дека зад секој мој успех стои и името на мојата Македонија! Бидејќи сум двократна олимпијка тоа ме научи како да се натпреварувам со најдобрите. Тоа што сум уметник ме научи како да создадам нешто што никој друг не може. Јас не ги следам уметничките граници. Јас создавам свои. Тоа е DIVNISM“, истакна Пешиќ Грозданов.

Таа во својата објава порача и дека „најдоброто допрва доаѓа“, упатувајќи празнична порака до македонскиот народ: „Среќен празник, Македонци! Нека ни е вечна и горда Македонија!“.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми