Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 21 јуни 2026, 17:38 ч.
ERUPTION не доаѓаат како гости во Битола – тие се од Битола. И токму затоа нивниот претстоен настап на годинашното издание на „Битола Отворен Град“ има посебна тежина и емоција за локалната публика.
Во град каде што рокенролот отсекогаш бил повеќе од музика, ERUPTION се еден од клучните столбови на поновата генерација музичари кои упорно, со сите предизвици, ја одржуваат жива и будна локалната сцена.
Енергичен старт на големата петочна вечер
Со препознатливиот моќен сценски настап, цврст звук и искрена, компромисна љубов кон рок музиката, токму овие момци ќе ја имаат честа да ја отворат големата петочна концертна вечер. Нивното излегување на сцената ќе го означи почетокот на ноќта исполнета со гласни гитари, безвременски песни и огромна енергија.
Овој настап носи и силна порака – дека фестивалите не постојат само за големите гости од страна, туку се клучна платформа за луѓето кои создаваат и живеат за музиката токму тука, дома. Пред култните Суперхикс да го прослават својот голем јубилеј и пред OSMI DAN да ја прошетаат Битола низ најголемите рок химни на изминатите децении, сцената со право им припаѓа на момците од нашиот град.
Информации за настанот:
Локација: Широк Сокак (кај Хотел Македонија)
Датум:26 јуни
🕗 Час: 20:30 часот
Поддршката за домашните бендови е поддршка за културното јадро на градот. Битолчани, подгответе се за вистинска рок ерупција!
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025