Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 3 октомври 2026, 13:17 ч.
Првиот фестивал на кинески филм во Битола ќе се одржи од 5 до 8 октомври 2026 година во Центарот за култура Битола.
Македонската публика за прв пат ќе има можност да запознае дел од современата кинеска кинематографија преку осум филмови, кои опфаќаат различни жанрови, теми и приказни – од современа драма и анимација, до фантастична авантура и филмови инспирирани од кинеската култура и традиција.
По повод првата соработка со фестивалот, влезниците ќе бидат бесплатни.
Свеченото отворање е предвидено со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“, во режија на Цаи Шангџун, на 5 октомври 2026 година, во 20:00 ч. во Голема сала на НУ Центар за култура Битола.
Филмот се фокусира на човечките односи и емотивните искуства, следејќи ги приказните на обични луѓе и нивните лични избори, животни предизвици и внатрешни трансформации.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025