Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 18 август 2026, 08:30 ч.
Битолскиот бенд Фолтин три децении постоење и музичка еволуција ова лето ги одбележува преку серија настани што водат кон нивниот најголем овогодишен концерт.
Летната турнеја започна изминатиот викенд во Охрид. Во културниот центар „KULT“, со поддршка на звучниот инженеринг на „ТЕОХАРОВ“, се одржа промотивно слушање на нивното најново издание — двојниот винил „FOLTIN LIVE“. Настанот продолжи во „Шила Кафе & Бар“ во рамки на винил саемот „Охрид 33/45“, каде љубителите на музиката имаа можност да го купат овој колекционерски материјал. Албумот е објавен во лимитиран тираж од 150 рачно нумерирани и потпишани примероци, од кои се останати уште сосема малку броеви.
Бендот сега се префрла на домашен терен во Битола, каде ги планира следните чекори:
26 август — Аудиофилска промоција: Во саемот „Галерија Божиновски“ ќе се одржи уште едно посветено слушање на винилот во врвни звучни услови.
29 август — Јубилеен концерт: На античкиот локалитет Хераклеа, Фолтин ќе одржи голем концерт со кој официјално ќе ги заокружи 30-те години од својот прв настап, а воедно ќе го означи и затворањето на фестивалот „Битфест 2026“.
Влезниците за концертниот спектакл во Хераклеа се веќе во продажба преку мрежата на „МК Тикетс“ и во „Тобако Брадерс“ во Битола.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025