Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 13 октомври 2026, 14:32 ч.
Францускиот институт во Скопје, во соработка со Француското конзуларно претставништво, Француската алијанса и НУ Центар за култура – Битола, ја покануваат битолската публика на уникатно уметничко искуство под отворено небо.
Во рамките на првото издание на Фестивалот на улична уметност French Connection (кој се одржува од 15 до 17 октомври), во Битола ќе се одржи уличниот перформанс „Танцот на водните нимфи“, во изведба на реномираната француска театарска трупа „Гвам“.
Датум и време: Петок, 16 октомври во 20:00 часот
Локација: Офицерски дом во Битола
Овој музичко-визуелен спектакл претставува имерзивно искуство и своевидно уметничко интермецо кое лебди помеѓу небото и морето, пренесувајќи ја публиката во хармонично и магично вибрациско поле.
Настанот е организиран како дел од активностите во пресрет на Скопје – Европска престолнина на културата 2028, а е поддржан од Програмата за културни и креативни индустрии на Францускиот институт во Париз.
Влезот за сите посетители е слободен.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025