Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 19 јуни 2026, 18:30 ч.
НУ Народен театар Битола ја најави премиерата на претставата „Госпоѓа Бовари“, работена според романот на Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски.
Премиерата е закажана за 25 јуни 2026 година, со почеток во 20 часот, на сцената на НУ Народен театар Битола.
По повод премиерата, театарот ќе одржи прес-конференција на 24 јуни, со почеток во 11 часот, на Големата сцена.
На прес-конференцијата ќе бидат претставени режисерот, актерската екипа и авторскиот тим, кои ќе зборуваат за процесот на создавање на ова сценско остварување.
„Госпоѓа Бовари“ е едно од најзначајните дела на светската книжевност, а неговото поставување на сцена носи ново читање на приказната за желбите, незадоволството, општествените очекувања и личната слобода.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025