Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

„Градот во мене“ - изложба на уметнички дела од м-р Александар Џинго отворена во Прилеп

Објавено: 26 септември 2026, 17:18 ч.

„Градот во мене“ - изложба на  уметнички дела од м-р Александар Џинго отворена во Прилеп

„Градот во мене“ е изложбата на уметнички дела од м-р Александар Џинго, отворена синоќа во Ликовната галерија од Центарот за култура во Прилеп, во присуство на многубројни љубители на неговото творештво, меѓу кои и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и директорката на Центарот, Марија Попова Јованоска.

На почетокот вечерта ја отвори хорот Св.Петка со убава македонска песна, а потоа актерката Марија Спиркоска Илиеска се осврна на творештвото на Џинго, посочувајќи дека е уметник со слобода на духот, на мислата и изразувањето.

"Секое дело , секој лик има приказна од каде иди што чувствува и каде заминува. Важно е што ние користиме од градот од позитивните работи, за да оставиме позитивно дела - рече Марија Спиркоска Илиеска, посакувајќи му на уметникот да продолжи да сонува и да креира.

За циклусот " Градот во мене" зборуваше Бранче Трајкоски, кој рече дека делата комуницираат со историското во уметноста преку академскиот реализам, а со актуелното, преку современата апстракција - и така, создаваат моќна фузија меѓу класичната уметност и современиот експресионизам.

"Делата се одликуваат со совршена рамнотежа меѓу цртачката техника со јаглен и контролираната линија, од една страна, и сликарскиот колорит (реализиран со маслени бои, мрсен пастел и акрил), од друга страна. Овој колорит варира од монохроматски до полихроматски, изразен преку слободен, речиси неконтролиран потег.

Ваквото комбинирање на техниките успешно го дефинира трансформативниот стил на композицијата – тој е елегантен, динамичен и просторен, со силен авторски печат врз платната....Гледачот се наоѓа пред интроспективни уметнички остварувања во голем формат, мошне погодни за уметнички простори, дела со моќна визуелна појавност која овозможува естетско и енергетско препознавање на сопствените емоции и импликации од надворешната средина - рече Бранче Трајкоски за најновиот циклус на Џинго.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми