Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Мешовитиот хор „Стив Наумов“ од Битола настапи во Македонскиот КИЦ во Софија

Објавено: 26 септември 2026, 17:07 ч.

Мешовитиот хор „Стив Наумов“ од Битола настапи во Македонскиот КИЦ во Софија

Со изведба на богата програма составена од духовна хорска музика, композиции инспирирани од македонскиот фолклор и современи хорски дела, Мешовитиот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола синоќа оствари историски прв настап во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија.

Концертот, кој се одржа во рамките на 21-та година од постоењето на КИЦ, го отвори директорот на Центарот Зоран Пејковски. Тој во своето обраќање ја истакна симболиката на хорското пеење како спој на различни гласови во единствена хармонија и подвлече дека културата создава мостови што ги зближуваат луѓето.

„Овој настан беше прекрасна средба на македонската музичка традиција и бугарската културна средина, но пред сè, беше средба на луѓе обединети преку јазикот на музиката. Ваквите вечери се најубавиот потсетник дека културата не познава граници, туку отвора врати“, истакна Пејковски.

За уметничкиот резултат и посветеноста беа упатени посебни признанија до диригентката Лилјана Трајковска-Димевски, која раководи со хорот, како и до претседателот на КУД „Стив Наумов“, Владимир Христовски.

Настапот на битолскиот хор е дел од културната програма на Македонскиот КИЦ во Софија, каде што покрај хорската музика како израз на музичкото наследство, денеска фокусот е насочен кон македонскиот јазик и неговата афирмација во европски рамки по повод Европскиот ден на јазиците.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми