Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 24 јули 2026, 19:15 ч.
Културно-уметничкото друштво „Илинден“, кое делува во рамките на Домот на културата во Демир Хисар, уште еднаш докажа дека Пелагонискиот регион е вистински расадник на фолклорното богатство и традиција. Демирхисарските играорци изминативе два дена беа дел од XXI Меѓународен фолклорен фестивал во Охрид, каде што достоинствено ја претставија својата општина и македонскиот мелос.
Играорците од КУД „Илинден“ Демир Хисар, кжго споделија своето задоволство од успешното фестивалско искуство.
„Нашето друштво изминативе два дена беше дел од XXI Меѓународен фолклорен фестивал во Охрид, каде заедно со бројни ансамбли од различни земји ја прославивме убавината на традицијата, музиката и фолклорот“, напишаа демирхисарските фолклористи по настапот.
Овогодинешното издание на овој реномиран фестивал го претвори Охрид во глобална сцена на пријателството и културната размена. Покрај пелагониските претставници, на сцената продефилираа бројни културно-уметнички друштва од Словенија, Словачка, Грузија, Чешка, Романија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
За нашиот регион, ваквите настапи се уште една потврда за посветената работа на Домот на културата „Илинден“ од Демир Хисар, кој продолжува да го негува фолклорното наследство кај младите генерации и успешно да го промовира надвор од локалните граници. Играорците се враќаат дома со полни срца, нови пријателства и заслужени аплаузи од меѓународната публика.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025