Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Илинденски денови го раздвижија Новаци - Tанци и звуци од цел свет сред Пелагониското поле

Објавено: 31 јули 2026, 21:24 ч.

Илинденски денови го раздвижија Новаци - Tанци и звуци од цел свет сред Пелагониското поле

Со звуците на традиционалниот мелос, раскош и шаренило од народни носии и незаборавна атмосфера, и жителите на Општина Новаци уживаа во годинешното издание на манифестацијата „Илинденски денови“ кој имаше гостувачка вечер во оваа рурална општина. Настанот, кој веќе традиционално ги обединува љубителите на фолклорот и културното наследство, понуди богата програма која ги поврза македонската традиција и светските култури.

Прославата започна со импресивно Илинденско дефиле низ улиците на Новаци. Учесниците, облечени во автентични и колоритни носии, прошетаа низ општинскиот центар пренесувајќи ја пораката за важноста на чувањето на корените и идентитетот. Дефилето беше само увертира за централниот настан – свечениот концерт кој се одржа во дворот на Општина Новаци, каде бројната публика уживаше во врвни фолклорни изведби.

Годинава, сцената во Новаци блесна во меѓународен сјај. Пред присутните со свои извонредни кореографии настапија КУД „Везилка“ од Новаци, како домаќини кои уште еднаш покажаа како достоинствено се негува локалниот и националниот мелос, „Flying Georgians“ од Тбилиси, Грузија, кои ја фасцинираа публиката со својата енергија и карактеристичен традиционален танц, „Venezuela Danza y Tambor“ од Корал Спрингс, Флорида, САД, кои донесоа егзотични ритми и специфичен фолклорен колорит.

Преку моќта на музиката и играта, овие три ансамбли испратија силна заедничка порака за пријателство, меѓусебна почит и културна поврзаност меѓу народите.

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, упати срдечна благодарност до сите учесници, но и до клучните партнери кои помогнаа во реализацијата на овој значаен настан.

„Особена и голема благодарност упатуваме до ЈУ Центар за култура – Битола и директорот Сашо Илковски за одличната, професионална соработка во организацијата на оваа незаборавна вечер. Заедно и посветено ја чуваме, ја негуваме и ја пренесуваме македонската традиција и богатото културно наследство на идните генерации,“ истакнуваат од Општина Новаци.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми