Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

ЉУБОЈНО ПУЛСИРА ВО ЗНАКОТ НА ТРАДИЦИЈАТА: Над пет децении Илинденски средби што ги спојуваат иселениците со родниот крај

Објавено: 2 август 2026, 11:46 ч.

ЉУБОЈНО ПУЛСИРА ВО ЗНАКОТ НА ТРАДИЦИЈАТА: Над пет децении Илинденски средби што ги спојуваат иселениците со родниот крај

Преспанското село Љубојно викендов е центарот на македонската традиција и заедништво. Синоќа, со масовна посетеност и празнична атмосфера, започнаа 53. по ред традиционални Љубански Илинденски иселенички средби, манифестација која повеќе од пет децении претставува силен мост меѓу родниот крај и македонските иселеници ширум светот.

Саботната програма започна на познатата љубанска полјана, каде стотици мештани, гости и иселеници од прекуокеанските земји се собраа на заедничка дружба. Почетокот на вечерта помина во знакот на македонската песна со групата „Молика“ и Тина.

Негување на врските со родниот крај

Присутните уживаа во раскошниот настап на ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“ од Битола, кој со своите игри и кореографии измами огромни аплаузи. Прекрасната летна вечер во Преспа продолжи со голема народна веселба до доцните часови, каде покрај група „Молика“ и Тина, свој настап имаше и Даниела Темелкова.

Програмата продолжува и денес на Илинден

Празнувањето во Љубојно продолжува со полн ек и денес, на самиот ден Илинден. Утринските часови започнаа со црковно богослужение во познатиот манастир „Св. Илија“, каде верниците запалија свеќи за здравје и благосостојба. Во духот на празникот и почитта кон историјата, предвидени се и традиционалните илинденски активности, меѓу кои и положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.

Љубанските средби не запираат тука. Попладневната и вечерната програма и денес ветуваат одлична забава на полјаната во Љубојно, каде за празничното расположение ќе се погрижат фолк-ѕвездите Татјана Лазаревска, Благица Вељаноска Колева и повторно групата „Молика“.

Организаторите уште еднаш упатуваат отворена покана до сите љубители на македонскиот мелос, фолклор и традиција – денешниот празничен ден да го поминат во Преспа и да бидат дел од оваа историска манифестација.

Текст и фотографии: Тони Степановски

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми