Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Хиперреалистичните скулптури на македонскиот уметник Жарко Башески претставени во Музејот на современа уметност во Белград

Објавено: 2 октомври 2026, 22:13 ч.

Хиперреалистичните скулптури на македонскиот уметник Жарко Башески претставени во Музејот на современа уметност во Белград

Македонскиот уметник Жарко Башески вечерва ја отвори изложбата „Корпореалност“ во Музејот на современа уметност во Белград. Изложбата се организира по потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Музејот на современа уметност во Белград и Националната галерија на Македонија.

„Самостојното претставување на проф. Жарко Башески токму во галерискиот простор во Музејот на современа уметност е навистина уметнички подвиг и го покажува интересот за неговиот хиперреалистичен пристап во оформувањето на делата, кои ни зборуваат за човекот и за светот во кој што живееме. Преку своите реални претстави на постоењето, уметникот Башески нè воведува во често предизвикувачки елементи од реалноста, кои понекогаш и не можеме толку лесно да ги забележиме со обичен поглед кон прикажаното. Во неговите високоценети скулптури се испреплетуваат повеќе концепти, со современ поглед на човековата состојба преку самонабљудување, со употреба на нови материјали и со филозофски пристап при моделирањето и изработката. Сите тие елементи нудат повеќеслојно читање на уметничкото дело“, вели кустостот Маја Крстевска.

Башески е истакнат вајар, професор и дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, кој во 2011 ја претставуваше Македонија на Венециското биенале за уметност.

На овој значаен културен настан во Белград присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, кој истакна дека за него и за градот е огромна чест и гордост што уметничкото дело на нивниот сограѓанин добива свое заслужно место во еден од најважните музејски центри.

Проданоски потенцираше дека академик Башески преку својот вонреден талент, знаење и посветеност го афирмира Прилеп надвор од границите на државата. Во присуство на бројни академици, професори, научници, стопанственици и јавни личности, градоначалникот упати искрени честитки до уметникот, подвлекувајќи дека Прилеп уште еднаш потврди оти е град на големи луѓе и големи дела.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 9 ноември 2026 година.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми