Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 1 октомври 2026, 20:41 ч.
Во Офицерскиот дом во Битола, синоќа (30 септември) се одржа концертот насловен „Хронос“, на кој публиката имаше можност да ужива во ретко музичко патување низ четири векови и седум различни музички епохи.
Тенорот Исмет Вејсели и пијанистот Шкељзен Бафтиари приредија вечер исполнета со уметничка разновидност, водејќи ги присутните од раскошот на ренесансата и барокот, преку емотивноста на романтизмот и импресионизмот, па сè до современата македонска музика и американскиот џез.
„Хронос“ понуди единствено временско-просторно доживување, спојувајќи повеќе стилови и векови во една хармонична целина. Концертот уште еднаш го потврди капацитетот на Europe House Битола како простор за промоција на врвна уметност и зближување на публиката преку универзалниот јазик на музиката.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025