Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 11 август 2026, 08:24 ч.
Изложбата на фотографии „Со Љубов од Битола“, која веќе 14 години традиционално го уловекува и слави духот на градот, го најавува своето најново издание. Свеченото отворање ќе се одржи во четврток, 13 август, со почеток во 20:00 часот, во фоајето на НУ Центар за култура Битола.
Годинешната тема носи наслов „Битола во златниот час“, инспирирајќи ги локалните и домашните автори да ја уловат специфичната светлина, атмосфера и архитектура на Битола низ нивните објективи. На јавниот конкурс, кој траеше во текот на целиот месец јули, учествуваа 19 автори.
Селекцијата на трудовите ја изврши стручно жири во состав: Александар Јоначиќ, Горан Кузмановски и Диоген Хаџи-Коста Милевски, кои одбраа 28 фотографии што ќе бидат поставени во рамки на изложбата. За време на официјалното отворање, жирито ќе ги соопшти и ќе им додели награди на авторите на трите најдобри фотографии.
Сите љубители на фотографијата и битолската култура ќе можат да ја посетат изложбата во фоајето на Центарот за култура до 28 август 2026 година.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025