Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 11 септември 2026, 10:20 ч.
Здружението „Порака Нова“, во соработка со НУ „Завод и Музеј“ – Битола, денес (11 септември 2026 година) со почеток во 13:00 часот во изложбениот простор „Магаза“ ќе ја отвори самостојната изложба на Вероника Кочов под наслов „Која е Супердевојката?“.
Изложбата има за цел да отвори простор за оние чии приказни премногу често остануваат невидливи во општеството. Преку својот уметнички израз, младата авторка нуди автентичен поглед врз нејзиниот свет, повикувајќи ја публиката да застане, да погледне и да ги препознае нејзината сила, желби и потенцијал.
„Кој ја гледа? Кој ја слуша? Кој ја препознава нејзината сила, нејзините желби, нејзиниот свет? Преку уметноста, една девојка ни покажува како го гледа светот — а ние сме тука да застанеме, да погледнеме и да ја слушнеме нејзината приказна.“ - со овие зборови организаторите упатија јавна покана за настанот.
Локација: Изложбен салон „Магаза“, Битола
Свечено отворање: 11 септември 2026 година во 13:00 часот
Времетраење на изложбата: Од 11 до 13 септември 2026 година
Организаторите ги покануваат сите љубители на уметноста и граѓани да го посетат отворањето и да дадат поддршка за оваа значајна културна и инклузивна иницијатива.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025