Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Јаниќијевиќ: Приказната за филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ почна во Битола и со премиерата на ИФФК „Браќа Манаки“ се заокружува

Објавено: 25 септември 2026, 15:11 ч.

Јаниќијевиќ: Приказната за филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ почна во Битола и со премиерата на ИФФК „Браќа Манаки“ се заокружува

Многу ми е драго што македонската премиера на филмот се случува токму овде во Битола, на фестивалот „Браќа Манаки“ бидејќи кога дознав дека сме добиле сретства за снимање од Агенцијата за филм јас бев во Битола. И сега имаме премиера во Битола. Драго ми е дека првата информација ја добив во овој град, кој мене ми е многу драг и сега со премиера на мојот филм доаѓам во овј град, рече Срѓан Јаниќијевиќ, режисер на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ со кој вечерва се затвора 47.издание на ИФФК „Браќа Манаки.

Идејата за филмот постоела уште од 2015 година и ја работеле заедно со Сашо Коколанов и Дејан Дуковски, а Дејан Димески е кинематографер на филмот.

-Јас доаѓам 34 изданија на овој фестивал и многу ми е драго што повторно сум овде со филм. Досега со Срѓан сме соработувал, но сега прв пат на филм. Јас секогаш прво го читам сценариото и потоа согледувам колку драматуршки камерата може да биде составен дел на филмот и да го осетам сенсот на филмот. Срѓан многу ми помогна бидејќи тој секогаш има неконвенционален пристап на нештата и тоа се гледа и во овој филм, рече Димески кој раскажа за еден трик со осветлувањето кој прв пат го работел, а му го предложил Срѓан.

Снимањето во голем дел се одвивало од рака, со објективи со кои поблиску биле до актерите, но без тоа да им пречи на актерите. Снимале околу дваесеттина дена, претежно навечер на обиколницата во Скопје, на Водно, во самиот град, во Кучково и во текот на летно време кога било навистина топло.

Во рамките на денешната прес конференција говореше продуцентот Дарко Попов, чиј филм „Мајка вештерка“ беше прикажан вчера во специјалната селекција.

-За овој филм работеше македонска екипа -асистент на камера, гафер, дизајнер на маска....и многу добро соработуваа со останатите членови од меѓународниот тим кој работеше на филмот. Делиме и заеднички сензибилитет кон митови сите на овој регион, што всушност е и темата на филмот, така што и кога влеговме во финансирање сметавме дека ќе може да се прикажува во овие држави, рече Попов.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми