Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 14 септември 2026, 13:17 ч.
Додека Џез фактори фестивалот се подготвува за 10-тото јубилејно издание, следниот април, со гордост најавуваат посебен концерт со кој ќе ја заокружат фестивалската 2026 година — нов музички мост меѓу Македонија и Кина.
Концертот го организираат во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија, отворајќи ново важно поглавје во меѓународната соработка.
Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет — Скопје, на 24 септември со почеток од 19 часот.
За првпат, Jazz Factory Festival го претставува извонредниот кинески џез состав: 晗曈爵士五重奏 · XU QUINTET.
Основан од браќата Zhihan Xu и Zhitong Xu, XU Quintet претставува нова генерација кинески џез музичари, чие творештво е обликувано од кинеското музичко наследство и европската џез сцена. Двајцата браќа студирале и ја развивале својата музичка кариера во Германија, градејќи уникатен музички јазик кој поврзува кинески музички традиции, современ европски џез и меѓународна импровизација. Нивниот репертоар во голема мера се темели на авторска музика, во која различни културни и уметнички традиции се среќаваат преку современиот џез. XU Quintet настапувал на значајни кинески џез сцени и фестивали и реализирал бројни концерти низ Кина, градејќи силно присуство на современата кинеска џез сцена. XU Quintet е дел од поширокиот професионален екосистем на Chinese Jazz Association (CJA), од Chinese Musicians’ Association.
К.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025