Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Битолскиот „Џез фактори фестивал“ потпиша Меморандум за соработка со кинеските SPAF и CSIAF 2026

Објавено: 20 октомври 2026, 13:06 ч.

Битолскиот „Џез фактори фестивал“ потпиша Меморандум за соработка со кинеските SPAF и CSIAF 2026

Во преполна сала на конференцискиот центар „Њу Бунд 31“ во Шангај, пред бројни делегации, уметнички директори, претставници на водечки светски фестивали и дипломати, официјално беше потпишан Меморандум за разбирање, соработка и размена помеѓу битолскиот „Џез фактори фестивал“ (JFF) и кинеските партнери на конференцијата на SPAF (Shanghai International Arts Fair) и CSIAF 2026.

Меморандумот го потпиша директорот на „Џез фактори фестивал“, проф. Сашо Поповски, заедно со директорот на Џез фестивалот во Петровац (Црна Гора), Винко Михајловиќ и претставникот на Џез фестивалот во Албанија, Јилјет Аличка.

„Преку потпишување на овој важен документ за разбирање, соработка и размена, отвораме нови можности за меѓународно културно поврзување. По 3 години членство во меѓународната културна мрежа на Патот на свилата, продолжуваме да градиме мостови на пријателство преку културата и уметноста“, истакна Поповски.

Фокус на Националната џез-платформа и академската соработка

Во рамките на презентацијата во Шангај, посебен акцент беше ставен на Националната џез-платформа на Македонија, нејзината улога во развојот и промоцијата на домашната џез-сцена, како и на можностите за унапредување на соработката со кинеските културни институции, фестивали и музичари.

Покрај фестивалската размена, иницирана е и широк обем на академска соработка преку поврзување на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со сродни високообразовни институции во Кина. Со ова се отвораат нови перспективи за размена на студенти и професори, заеднички едукативни и уметнички проекти, работилници, мастер-класови и истражувачки активности во областа на џезот и современата музика.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми