Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

По две номинации за Оскар Џеф Кроненвет искуствата ги пренесува во Битола: Поминав многу време на сетови, гледав, набљудував и учев од татко ми

Објавено: 21 септември 2026, 09:14 ч.

По две номинации за Оскар Џеф Кроненвет искуствата ги пренесува во Битола: Поминав многу време на сетови, гледав, набљудував и учев од татко ми

Како дете поминав многу време на сетови бидејќи татко ми беше кинематографер. Гледав, набљудував, сакав да гледам како екипата работи и сакав да бидам дел од тоа искуство, раскажа светски познатиот кинематографер Џеф Кроненвет на работилницата во рамки на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, која ја модерираше Слаѓан Пенев.

Кроненвет се потсети на најраните моменти од своето детство, кога филмскиот сет бил дел од неговото секојдневие. Уште на десетгодишна возраст почнал да експериментира со камерата, снимајќи го својот брат и создавајќи мали сцени во кои, како што раскажа, се обидувал да прикаже и ефекти како повреда од куршум.

„Самото тоа што гледав што се прави на сетовите ми беше интересно. Татко ми дома носеше камери, па ние бевме субјекти“, рече Кроненвет, опишувајќи како љубопитноста и играта со камерата постепено прераснале во професионална определба. Џеф Кроненвет потекнува од едно од познатите кинематограферски семејства во Холивуд. Неговиот татко, Џордан Кроненвет, беше директор на фотографија на култниот филм „Blade Runner“ (1982), а Џеф уште во младоста почнал да работи на филмски сетови. Зборувајќи за периодот кога неговиот татко го снимал „Blade Runner“, Кроненвет се присети на искуството одблизу да го набљудува создавањето на филмот.

„Кога татко ми го снимаше „Blade Runner“, бев дел од тоа. Само што почнав на колеџ кога се снимаше тој филм. Тоа беше доста тежок филм, многу ноќи се снимаше. Гледав како снимаат, беше прекрасно искуство“, раскажа Кроненвет. Неговата сопствена кариера подоцна ќе го одведе меѓу најзначајните имиња на современата кинематографија. Препознатлив е по долгогодишната соработка со режисерот Дејвид Финчер, со кого ги создаде визуелните светови на филмовите „Боречки клуб“ (Fight Club), „Социјалната мрежа“ (The Social Network), „Исчезната“ (Gone Girl) и „Девојката со тетоважа на змеј“ (The Girl with the Dragon Tattoo).

За својата работа Кроненвет доби две номинации за „Оскар“ за најдобра кинематографија, за „Девојката со тетоважа на змеј“ и „Социјалната мрежа“.

Кроненвет е познат и по својот придонес во развојот на дигиталната кинематографија, со визуелен пристап во кој светлото, сенките, композицијата и движењето на камерата се користат за создавање атмосфера и за изразување на внатрешната состојба на ликовите.

На овогодишното издание на „Браќа Манаки“, Џеф Кроненвет е добитник на престижната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност, со што неговото име се впиша меѓу големите кинематографери кои го добиле највисокото признание на фестивалот.

 К.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми