Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Џон Блондел по успехот на БНТ во Бјалисток: Фантастичниот Битолски театар донесе незаборавна изведба

Објавено: 19 октомври 2026, 08:21 ч.

Џон Блондел по успехот на БНТ во Бјалисток: Фантастичниот Битолски театар донесе незаборавна изведба

Народниот театар Битола забележа нов значаен меѓународен успех со изведбата на Шекспировата трагедија „Кориолан“, која се одржа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“.

Делото, кое е во режија и адаптација на американскиот режисер Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на меѓународната публика и ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. И самиот режисер Блондел не го криеше своето воодушевување, упатувајќи јавно благодарност до како што сам рече „прекрасниот Битолски театар“ и најавувајќи го претстојното претставување пред домашната публика во Битола на Шекспир фестивалот во ноември.

Ова гостување во Полска, кое следува по значајните настапи на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда, ја потврдува улогата на театарот како културен амбасадор кој ја носи креативноста на македонските уметници ширум светот. Современата адаптација на безвременската трагедија отвора исклучително актуелни прашања за власта, политичката одговорност и сложениот однос меѓу поединецот и општеството.

Во претставата настапува врвен актерски ансамбл во состав: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Тимскиот креативен задкулисен состав го сочинуваат асистент на режија Дамјан Димовски, сценографија и костими на Благој Мицевски, дизајн на светло од Џонатан Хикс, светло мајстор Горан Петровски, музика од Александар Димовски, видео изработка од Владимир Переловски, инспициент Оливер Петровски и суфлер Мирјана Христовска.

Со ваквите значајни настапи, Народниот театар Битола продолжува со гордост да го претставува македонскиот театар и успешно да гради мостови меѓу различните култури преку јазикот на уметноста.

Фотографии: Bartek Warzecha, Tеатар Бјалисток, Полска

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми