Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

На големото платно филмови, зад сцената исповеди на кинематограферите - од обидот да се долови Ормускиот теснец до личните мотиви животот да се посвети на снимање

Објавено: 22 септември 2026, 22:12 ч.

На големото платно филмови, зад сцената исповеди на кинематограферите - од обидот да се долови Ормускиот теснец до личните мотиви животот да се посвети на снимање

Кинематограферите со пофалби за храбрата селекција на филмови на 47.ИФФК „Браќа Манаки“: Токму фестивалот „Браќа Манаки“ е причина што станав кинематографер, рече Самир Љума

Јанис Мазух, кинематограферот на филмот „Срам и пари“, кој е копродукција во кој партиципира продуцентската куќа „Лист“, синоќа беше прикажан на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ во главната компетиција на денешната прес конференција говореше за приказната, предизвиците при снимањето...

- За снимањето на филмот се подготвувавме една година однапред, баравме локации низ Притина затоа што режисерот сакаше самиот град, неговите пејзажи и архитектурата да имаат важна улога во филмот. Многу му беше важно тие да бидат интегрирани. Тој сакаше и камерата да е што е можно поблиску до актерите и од многу блиску да го следи дејството и актерската игра и да ги долови сите нивни емоции, едноставно на еден начин камерата да стане член на семејството, не да биде на дистанца. Некогаш ги ставаше актерите во тешки ситуации зошто требаше да играат во најмалото ќоше за да го долови очајот, а мене ми беше тешко да снимам зошто не можеше да се осветли, рече Мазух и подвлече дека му е голема чест што филмот се прикажува на „Браќа Манаки“ и што за прв пат е во Битола.

Посочи дека филмот има и документаристички дел, бидејќи се снимени вистински луѓе кои стојат на улица во Приштина и бараат работа, не се блокирале улици при снимањето па имало разни неочекувани случки и реалноста се испреплетувала со актерската игра, што сепак на крај сето тоа изгледа многу моќно.

„Црни пари за бели ноќи“ е филмот кој синоќа беше прикажан во рамките на програмата Јадранската мрежа на фестивали. Кинематограферот Александар Станишев, рече дека станува збор за црна комедија во која главните ликови го живеат својот живот несвесни дека прават ситен криминал, а притоа се стремат кон нешто убаво.

-Режисерите имаат екстремно реалистичен пристап во снимањето филмови, ги стилизираат просторите и сакаат да го прикажат секојдневието во Југоисточна Европа и интересно е тоа што дел од сцените се снимени во чисто документаристички стил, актерите се ставени во реална ситуација заедно со други реални луѓе. Им предложив да го направиме пофилмичен филмот, поразигран и со посветли бои... и со овој филм прикажавме трагични ситуации кои имаат некаков комичен весел аспект токму преку боите, осветлувањето итн, рече Станишевн и кажа дека снимиле 8 различни завршетоци на филмот и моите најдобри сцени ги исекоа при монтирањето затоа што сметаа дека го одвлекуваат вниманието од главната приказна.

Од документарната програма на денешната прес конференција беше Јакопо Фалсета, кој на филмот „Премини: Калех Зијарат“ учествува како аниматор.

-Ормудскиот теснец во моментов е речиси невозможно да се сними на било каков начин да се долови како слика и мораше да се најдат алтернативни начини како да се прикаже. Со режисерот веднаш се договоривме, го интересираше наративниот, поетичниот дел кој не се поврзува со денешната состојба и му беше важна историската компонента...кој владеел таму, потоа за периодот на колонијализмот итн. Сметавме тека тежината на приказната е многу поголема низ историјата отколку она што сега се случува таму. Сакавме да го прикажеме тој бескраен проток на историски случувања, бидејќи режисерот е истражувач од Иран и ова му беше дел од теренската работа, затоа што местото каде што снимаше каде има нови објекти и има огромна археолошка историја на стари градби, не доби дозволи за да снима и почна да се поврзува со локалните жители, па и стана сомнителен на полицијата која го испрашуваше, па на крај го избркаа, но од снимките е направен токму овој филм, рече Фалсета.

Самир Љума кинематограферот на филмот „Никола, Никола“ кој беше прикажан во рамките на селекцијата на краткометражни филмови, на денешната прес конференција рече дека токму кусометражната селекција на филмови е за пофалба.

-Веднаш прифатив да соработувам на овој проект бидејќи режисерот е талентиран и знаеше точно што сака и мене ми беше лесно неговиот сон и визија да ги претставам како слика. Отвораме една табу тема и беше тешко да се направи кастинг. Задоволен сум од направеното и веднаш знаевме како го замислуваме филмот и знаевме дека тоа нема да се постигне ако се снима од статична камера, рече Љума која на прес конференцијата учествуваше заедно со актерот кој го толкува главниот лик во филмот за кого рече дека бил мошне храбар што ја прифатил улогата.

Марина Колоска, кинематограферката на филмот „Раѓање“ заедно со Милена Витман, режисерка на филмот и Гоце Кралевски, продуцент на филмот говореа за предизвиците и приказната.

- Со Милена се познавам уште кога таа беше студентка и по 10 години ми се јави да работиме на филмот, блиска ми беше приказната и веднаш се разбравме една со друга. Соработката беше прекрасна, заедно баравме продуцент и единствено нешто за што дискутиравме беше тоа што ние, кинематограферите ја сакаме тамнината, а режисерите-светлината, се пошегува Колоска. Режисерката раскажа дека приказната пренесува лично искуство и дека прво снимиле една верзија за крајот на филмот, но по една година повторно се собрала истата екипа и снимиле друг крај за филмот повторно според лична приказна. Продуцентот Кралевски рече дека имал одлична соработка со колешките и сподели неколку детали и незгоди кои се случиле во текот на снимањето, но сепак се на крајот добро се завршило.

Турската актерка Есра Гонен од филмот „Патувањето на една ластовичка“ прикажан во специјалната селекција, каде како копродуценти од Северна Македонија се јавуваат Алекс Николиќ и Катерина Габунија, на денешната прес конференција го претстави филмот.

-Многу сум возбудена и ми е голема чест и задоволство што сум во Битола за да го претставам филмот на фестивалот „Браќа Манаки“. Со режисерот се договоривме дека ќе го следиме ликот, но за мене беше стресно бидејќи ликот има многу слоеви, а не е свесна за нив, и не бев сигурна како сето тоа ќе го доловам пред камерата. Се обидов да прикажам дете кое се научило да биде злоупотребувано од својот татко и како возрасен човек чувствува вина затоа што го прифатила тоа и не проговорила, рече Гонен. Од Макпоинт програмата денеска на прес конференција беше кинематограферот на филмот „Кучињата немаат соништа“, Фејми Даут и режисерот продуцент и сценарист, Ханис Багашов.

-Имавме тешка локација за снимање и тоа за мене веднаш беше предизвик да прифатам, покрај сценариото, се разбира. Местото каде што снимавме нема струја и работевме со светлото кое ни беше на располагање. Навикнат сум на такви услови за работа и не ми беше проблем да се соочам со предизвиците, рече Даут.

Режисерот и сценарист на филмот Багашов рече дека отвориле табу тема која често се случува особено во овие краишта. Филмот „Фантази“ каде копродуцент е македонскиот копродуцент Дејан Крајчевски, денеска на прес конференција го претстави кинематограферот Лазар Богдановиќ, кој истакна дека одлично соработувале со македонскиот дел од тимот.

-Темата е направена на начин на кој и треба да биде. Кога го читав сценариото ми беше мошне интересно дека се случува токму на Балканот, каде вакви теми се малку специфични. Се обидовме тоа да го ставиме на страна и да се занимаваме со суштината. Актерките беа фантастични, имаат магична фузија иако секоја од нив имаат различен карактер, рече Богдановиќ.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми