Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Кадар по кадар: Универзалните човечки приказни низ објективот на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено: 24 септември 2026, 16:39 ч.

Кадар по кадар: Универзалните човечки приказни низ објективот на фестивалот „Браќа Манаки“

Од документарната програма на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ денеска на прес конференција беа двајца кинематографери Ребека Дињ и Максим Катари чии филмови „Босоногата Марија“ и „ Магарешка убавина“ вчера беа прикажани во киното „Манаки“.

Тие говореа за важноста на кинематограферите во документарните филмови бидејќи тие се еден од најпровокативен домен во денешно време.

-Сите одлуки за филмот ги донесов интимно, сакав желбата да ја прикажам преку филмот како предмет. Кога снимаме документарен филм, особено кога снимаме од детска перспектива тоа е уште поголем предизвик за да се долови неговата перспектива, таа на детето. Јас и ја покажав и камерата за да има претстава како работи и да сфати како ќе снимаме, Суштината на работата се односите кои ги воспоставуваме со цел да се доближиме една со друга и тоа беше значајно за мене зошто прв пат работев истовремено како режисер и како кинематографер, рече Дињ која изрази задоволство и чест што нејзиниот филм „Босоногата Марија“ е прикажан на „Браќа Манаки“.

Филмот „Магарешка убавина“ е нешто за што е тешко да се зборува, што е дел од колективната меморија, а камерата станува дел од сето тоа и ја пренесува приказната на едно семејство, а преку нив и на цело село.

-Заедно со режисерката имавме заедничка визија и се држевме до неа. Сакавме луѓето кои ги снимаме да ги прикажеме како филмски ѕвезди и сакаме да ги вклучиме во процесот за да им дадеме можност достоинствено да го прикажат и раскажат она што сакаат. За снимањето на филмот се содржи и во самиот филм бидејќи имавме уште една камера која го снимаше снимањето. Она што ме изненади е тоа што луѓето масовно се вклучија во раскажувањето на приказната и одлучивме одна што требаше да го снимиме како документарен дел да го снимиме како фикција, а она што требаше да биде фикција да ја оставиме камерата и да оставиме самото да се случи, рече Катари.

Кинематограферот на филмот „До крајот на денот“, Паул Шпенгеман, чиј филм беше прикажан вчера во програмата Камера 300, денеска на прес конференција

-Со режисерката се запознавме на еден фестивал додека сеуште бевме студенти и во изминатиов период заемно си ја следевме работата, но се до овој филм немавме работено заедно. За студентските протести во Србија се заинтересиравме двајцата и бидејќи секојдневно таму нешто се случуваше и постојано го менувавме сценариото. Се подготвивме многу прецизно за снимање бидејќи поради малиот буџет имавме само 20 дена за снимање. Јас не сум од Белград и не сум растел таму, но се поврзав со настаните бидејќи сметам дека имаат универзална порака. Имавме извонредна екипа додека снимавме, се случи некоја фузија на сетот и се надевам дека тоа се чувствува и во филмот, рече Шпенгеман.

Филмовите „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ и „Како лек“ беа вчера прикажани во рамките на краткометражната селекција на фестивалот „Браќа Манаки“, а денеска на прес конференција за нив говореа продуцентката Ромина Орсини и кинематограферот Луис Лустерман.

Едно девојче пребарува низ песочните дини за да ја пронајде својата лична карта и да може да се запише на Пекиншката академија за опера е приказната на филмот „Како лек“, за кој кинематограферот Лустерман рече дека пустината била како простор во кој никој не пречи.

-Сакавме да прикажеме како изгледа кога човек се чувствува изгубен во овој свет и сака да постигне лична слобода. Високите температури се опасност за камерите и моравме да внимаваме, а имавме и само два дена за снимање во пустината и тоа ни беше притисок, но сепак уживав во работата, рече Лустерман.

Приказната на „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ говори за навидум безживотно тело кое плови низводно додека фрагментираниот свет околу него се занимава со други нешта, а продуцентката Орсини рече дека доста размислувале за тоа како ќе снимаат.

Режисерот Даниел Соареш веќе бил учесник на ИФФК „Браќа Манаки“, а кинематограферката Марта Симоеш има добиено мала Златна камера 300 во едно од изминатите изданија на ИФФК „Браќа Манаки“.

-Одлучивме да снимаме со филмска лента за внимателно да ја доловиме приказната. Повеќе сцени се снимаа од далеку, да не прикажуваме премногу детали. За мене секогаш е подобро да се снима на филмска лента, но тоа зависи од самиот филм. Марта Симоеш е одлична кинематограферка и кога го добивме сценариото веднаш помисливме на неа затоа што ја има сензитивноста која ни беше потребна и таа беше првата која се вклучи во проектот и донесе нешто посебно, рече Орсини.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми