Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 28 јули 2026, 13:00 ч.
По успешното завршување на конзервацијата на извонредните фрески во внатрешноста на црквата „Св. Ѓорѓи“ во с. Курбиново, официјално започна втората фаза од проектот – конзервација на фреските на надворешните фасади на овој непроценлив споменик на културата.
По тој повод, с. Курбиново го посети г-а Флора Карајани од Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, која изрази огромно задоволство од досегашниот тек на активностите и соработката со македонските стручњаци.
„Упатувам искрена благодарност до директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Маргарета Спасов, како и до конзерваторите, м-р Оливера Макриевска и м-р Јовица Богоев, за нашата исклучително плодна и креативна соработка, која низ годините прерасна во вистинско пријателство“, изјави Карајани.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025