Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Реномираниот италијански Ла Платеа за македонскиот оперски уметник Нацоски: Вистински експерт за современа музика со извонредна харизма и моќен сценски интензитет

Објавено: 22 октомври 2026, 16:53 ч.

Реномираниот италијански Ла Платеа за македонскиот оперски уметник Нацоски: Вистински експерт за современа музика со извонредна харизма и моќен сценски интензитет

Вистински експерт за современа музика со извонредна харизма и моќен сценски интензитет - со овие зборови пишува реномираниот италијански Ла Платеа за македонскиот оперски уметник Благој Нацоски по неговиот последен настап во Италија.

„…Нацоски е исклучително интересен уметник, за кого не престануваме да сметаме дека италијанските театри треба уште повеќе да го ангажираат во главни улоги. Со право може да се нарече вистински експерт за современа музика: десет светски премиери на оперски дела, огромен број досега неизведени арии вклучени во неговите концерти, од кои некои се напишани специјално за него. Улогата е сложена: бара исклучително широк вокален опсег и големи скокови меѓу регистрите. Но, покрај врвната музичка изведба, која Нацоски ја остварува со голема умешност, тој и прави и длабока актерска интерпретација, со внимание кон секој гест и секоја нијанса.

Тенорот Нацоски го постигнува тоа без ниту во еден момент да го жртвува пеењето, со извонредна харизма и моќен сценски интензитет. Всушност, неговиот лик, кој минува низ сопствениот живот и животите на другите, обидувајќи се да ги зачува своите убедувања, но истовремено да не потцени ниту една емоција со која се соочува, станува централна фигура на приказната. Нацоски го оживува со магнетна привлечност и со извонредна способност секоја нота, секоја нијанса и секој гест да ги стави во служба на поезијата на оваа приказна…“, пишува La Platea.

Рецензијата е објавена на следниот линк: https://www.laplatea.it/index.php/teatro/recensioni/6860-la-vita-nuda-allopera-di-roma.html

Нацоски настапи во италијанската престолнина во „Teatro Nazionale“, а неговата најнова светска праизведба на делото „La vita nuda“ силно ја возбуди уметничката јавност.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми