Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 23 септември 2026, 18:06 ч.
Здружението за граѓанска иницијатива во културата ЖАР Преспа од Ресен го најавува одржувањето на традиционалната, седма по ред поетска манифестација Детски гласови 2026, која ќе се одржи во сабота, на 26 септември 2026 година.
Овој културен настан, кој со години гради простор каде детскиот глас се слуша, вреднува и памети, оваа година нуди богата целодневна програма исполнета со поезија, работилници, промоции и музичко-танцови точки.
Организаторите ги покануваат сите љубители на пишаниот збор, родители, граѓани и поддржувачи на детското творештво да бидат дел од оваа убава приказна создадена од детски срца, стихови и соништа.
Програма на манифестацијата (26 септември 2026)
14:00 часот – Манастир Свети Никола (с. Јанковец)
Неформално дружење на младите автори, учесници и нивните ментори.
Книжевна работилница водена од Лили Арсова.
Промоција на детската сликовница Ива и Џуле од авторката Вера М. Самарјанин (промотор: Виолета Ристевска).
Мировен перформанс Цветна штафета на мирот на Живко Поповски – Цветин.
16:00 часот – Спорска сала Зоран Стојановски (Ресен)
Свечена централна манифестација и промоција на новата стихозбирачка Детски гласови 2026.
Литературно читање на поезија од страна на младите автори.
Доделување на збирки, пофалници и награди за учесниците.
Музички и танцови точки по повод одбележувањето на 7-тиот роденден на Здружението ЖАР ПРЕСПА.
17:30 часот – Затворање на настанот
„Ве покануваме да бидете наши гости на свечената манифестација Детски гласови 2026, на која ќе ја прославиме творечката мисла, детската фантазија и убавината на пишаниот збор. Вашето присуство ќе биде особена чест и поддршка за младите автори и за сите кои со љубов го поддржуваат нивното творештво“, порачуваат од Здружението ЖАР Преспа.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025