Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 29 јуни 2026, 19:17 ч.
Министерството за култура и туризам изрази длабоко жалење по повод смртта на македонскиот музички автор и изведувач Владо Јаневски, оценувајќи дека со своето богато творештво оставил неизбришлива трага во современата македонска музика.
Во соопштението се наведува дека Јаневски бил уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обединил генерации љубители на македонската музика, објави 4news.mk Од Министерството истакнуваат дека неговото творештво, исполнето со емоција, искреност и љубов кон македонскиот јазик и култура, ќе остане трајна вредност и значаен дел од македонското музичко наследство.
Потсетуваат дека Владо Јаневски беше првиот претставник на независна Македонија на Изборот за песна на Евровизија, како и автор и изведувач на бројни антологиски хитови, поради што го оценуваат како еден од најзначајните амбасадори на македонската музика на домашната и меѓународната сцена.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025