Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 19 јуни 2026, 21:30 ч.
Митот за Медеја оживува во едно современо и моќно сценско дело.
НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола ја најавуваат премиерата на претставата „МЕДЕЈА МК“, создадена според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак.
„МЕДЕЈА МК“ е авторски проект што низ спојот на театарот, музиката, поезијата и аудио-визуелните елементи отвора нов поглед кон една од најмоќните женски фигури во светската митологија.
Претставата го истражува просторот помеѓу љубовта, предавството, болката и отпорот, поставувајќи ги вечните прашања на современото време.
Игра: Валентина Грамосли
Адаптација, режија, аудио инсталација и музика: Марјан Нечак
📅 21 јуни 2026 (недела)
🕗 20:00 часот
📍 Голема сцена, НУ Центар за култура – Битола
Авторски тим:
Според „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак
Превод: Наташа Аврамовска и Елена Китановска – Ристовска
Сценографија: Марјан Нечак и Сергеј Светозарев
Видеопроекции: Сергеј Светозарев
Инспициент: Александар Црвенко
Тон-мајстор: Тони Тошевски
Видеооператор: Владимир Пераловски
Дизајн на светло: Никола Ѓеорѓиевски
Дизајн на плакат: Сашо Илковски
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025