Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 5 септември 2026, 09:51 ч.
Културниот и информативен центар (КИЦ) - Битола најавува вистински музички спектакл за сите љубители на алтернативниот рок и македонската музичка историја. Легендарната група „Мизар“ ќе одржи целовечерен концерт на отворено, носејќи го својот препознатлив и моќен звук под отворено небо.
Настанот ќе се одржи на 13 септември, со почеток во 20:00 часот, на отвореното плато пред репрезентативниот Офицерски дом во Битола.
Застанувајќи на сцената како еден од темелниците на македонскиот авангарен и пост-панк звук, „Мизар“ на битолчани и на гостите од целиот регион ќе им приреди вечер исполнета со длабоки емоции, препознатливи рефрени и незаборавна атмосфера.
Т.С.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025