Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 14 октомври 2026, 23:35 ч.
Македонската филхармонија вечерва одржа маестрален концерт во Големата сала на Центарот за култура Битола, насловен „Музички код“, под диригентство на Борјан Цанев.
Како концерт мајстор оркестарот го водеше битолчанецот Владимир Костов.
Инаку, Борјан Цанев е еден од најистакнатите македонски диригенти, со богата меѓународна кариера и соработки со реномирани оркестри. Меѓу неговите значајни гостувања се настапите со Краковската филхармонија, Северночешката филхармонија, Софиската филхармонија и Македонската филхармонија. Неговата професионална кариера опфаќа настапи со реномирани оркестри во Европа, САД и Азија, меѓу кои Лондонскиот симфониски оркестар, Софиската филхармонија, Филхармонијата во Краков, Северночешката филхармонија и бројни други ансамбли.
Концертната програма во Битола беше посветена на увертирата и нејзиниот развој низ седум различни музички поетики, претставени преку дела на Волфганг Амадеус Моцарт, Џоакино Росини, Лудвиг ван Бетовен, Јоханес Брамс, Рихард Вагнер, Џузепе Верди и Дмитриј Шостакович.
Од оперските корени кај Моцарт и Росини, преку драматуршката и симфониската моќ на Бетовен и Брамс, до музичките светови на Вагнер и Верди и самостојната концертна форма кај Шостакович, програмата понуди пресек на различни композиторски пристапи и развојот на оркестарскиот израз.
Преку видеото на Evo.mk ви пренесуваме дел од вечерашната атмосфера:
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025