Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 23 јули 2026, 09:43 ч.
Македонскиот глумец Тони Наумовски е одликуван со високото признание „Мето Јовановски“ за врвни актерски остварувања во филмската уметност, кое се доделува во рамките на петтото издание на Медитеранскиот и балкански филмски фестивал „Преку езерото“ (Across The Lake Film Festival).
Оваа значајна награда го сместува Наумовски меѓу истакнатите имиња на медитеранската и балканската кинематографија.
По повод добивањето на признанието, Наумовски се огласи на социјалните мрежи, изразувајќи ја својата длабока благодарност до организаторите и уметничкиот совет на фестивалот.
„Благословен сум и пресреќен што можам да го споделам ова исклучително признание — наградата Мето Јовановски за врвни актерски остварувања во филмската уметност. Да се биде во низата добитници меѓу легендарните имиња на медитеранското и балканското филмско небо е еден од најзначајните моменти во мојот актерски живот. Ви благодарам од срце, со љубов и благодарност“, истакна Наумовски.
Тој упати посебна благодарност до уметничкиот директор на фестивалот, проф. д-р Јани Бојаџи, како и до Советот на фестивалот предводен од неговата претседателка, м-р Мими Ѓорѓоска-Илиевска, за нивниот труд и посветеност во изградбата на овој фестивал како настан од светски ранг.
Филмскиот фестивал „Преку езерото“ ги обединува најдобрите филмски остварувања од Медитеранот и Балканот, а наградата именувана по бардот на македонското глумиште, Мето Јовановски, претставува едно од најпрестижните признанија што се доделуваат за актерски придонес на овие простори.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025