Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Битолчанецот Тони Наумовски ја прими наградата на фестивалот Преку езерото

Објавено: 12 јули 2026, 11:41 ч.

Битолчанецот Тони Наумовски ја прими наградата на фестивалот Преку езерото

„Преку езерото“ ги надминува границите и ги поврзува луѓето: Со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на лауреатото Тони Наумовски отворено петтото издание на фестивалот.

Филмот, уметноста на филмот, актерот и уметноста на актерството на филмот, е онаа состојка која подвижните слики од информација ги трансформирала во приказна со која се идентификуваат сите луѓе на овој свет, без разлика на кој јазик зборуваат, од каде доаѓаат, колку се образовани или на која култура припаѓаат, само затоа што лицето на актерот зборува на единствениот и според се, за сите и насекаде разбирлив јазик на човечкото присуство и неговите емоции. Затоа, Советот на фестивалот „Преку езерото“ доделува единствена награда за високо актерско остварување- „Мето Јовановски“ која му беше врачена на актерот Тони Наумовски.

-Тони Наумовски е единствениот македонски актер, но и еден од малкумината балканци кои во Њујорк имаат своја кариера во театар, на филм и телевизија. За оние наши колеги актери, кои имаат неотуѓива актерска работа во државни театари, тука во татковината, тоа што актерот го живее таму, во рајскиот голем град, не може да се раскаже, треба да се одживее, да се преживее и да се живее, секој ден, секоја секунда и секој здив со кој се дише животот и прима духот на слободата за да се прави тоа што се мечтае со отворени очи. Или да се одигра на филм, рече вечерва Јани Бојаџи, директор на фестивалот „Преку езерото“.

Тони Наумовски е актер, истакна Бојаџи, кој во уметноста на филмот е почеток и крајот на патувањето кое сакаме никогаш да не заврши.

-Тони Наумовски е актер кој е едноставната потврда на едноставниот актерски и човечки свет во кој соништата се остваруваат. Бескрајно му благодариме за сите овие соништа и за сите патишта на сите актери во светот на уметноста на филмот. Добро дојде дома. Добродојде во светот на вљубениците на сликите што се движат преку океаанот, преку морето и на крајот и преку езерото, рече Бојаџи.

Многубројната публика во Амфитеатарот во Дојран со силен аплауз го поздрави лауреатот, а Наумовски рече дека се чувствува благословено и среќно што може да служи на она што го сака, односно на уметноста.

Наградата на Наумовски му ја врачи градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, кој им посака добредојде на присутните и го прогласи фестивалот за отворен.

-Особена чест и задоволство ми е што оваа година го одбележуваме петтото издание на фестивалот. Она што пред неколку години започна како визија и посветеност, денес е препознатлив културен настан кој ги поврзува балканските и медитеранските кинематографии и создава простор за филмска размена, културен дијалог и нови соработки, рече во своето обраќање Мими Ѓоргоска Илиевска, претседателка на Советот на фестивалот.

-За мене посебно значење има фактот што годинава „Преку езерото“ за првпат се одржува во три града – Дојран, Струмица и Гевгелија. Со тоа фестивалот ја проширува својата мисија и преку моќта на подвижните слики ја доближува магијата на седмата уметност до пошироката публика, создавајќи нови можности за средби, инспирација и културна размена.

Филмот е универзален јазик кој ги надминува границите и ги поврзува луѓето преку приказни, емоции и различни перспективи. Токму во тоа е вредноста на фестивалот „Преку езерото“ – да создава средба меѓу различни култури, автори и кинематографии и да потсетува дека уметноста има моќ да нè приближува, истакна Ѓоргоска Илиевска и упати благодарност до целиот организациски тим, институциите, партнерите, поддржувачите и сите кои со својата работа и посветеност придонесуваат фестивалот од година во година да се развива и да ја потврдува својата вредност.

Публиката го погледна краткиот филм „Вошки“, поддржан од работилницата за развој и продукција на дипломски и дебитантски краток филм „Нови бранови“ и се запозна со режисерката Розе Симоновска и останатите членови од екипата на филмот, а потоа следуваше проекција на „Држи се за мене“ од официјалната селекција и концерт на групата „Пеперминт“.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми