Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Борче Наумовски - Министерот со величествен концерт во Хераклеја ќе прослави 30 години на естрадата

Објавено: 16 јули 2026, 15:59 ч.

Борче Наумовски - Министерот со величествен концерт во Хераклеја ќе прослави 30 години на естрадата

На денешната прес-конференција во Офицерскиот дом во Битола, познатиот пејач во придружба на соработниците ги откри деталите за својот голем јубилеј закажан за среда, 22 јули.

Битола се подготвува за еден од најголемите музички настани ова лето. Естрадниот уметник Борче Наумовски, во јавноста познат како „Министерот“, денеска пред новинарите ги сподели деталите за претстојниот солистички концерт со кој ќе одбележи значаен јубилеј – 30 години успешна кариера на естрадата.

На прес-конференцијата тој беше придружуван од својот менаџер Мирослав Стојковски и проф. Кирил Стојчевски, кој ќе раководи со големиот оркестар на концертот.

Сè ќе биде во знакот на бројот 30

Наумовски не го криеше возбудувањето за овој, како што го нарече, најголем роденден во неговата професионална кариера. Подготовките за овој амбициозен проект траат веќе повеќе од половина година.

„Ова е најголемиот роденден во мојата кариера – 30 години постоење на естрадата. Шест до осум месеци работам на овој проект. Бидејќи славиме три децении, сè ќе биде во знакот на бројот 30 – ќе имаме 30 тапани на сцена, 30 играорци, па дури и на миксетата ќе отвориме точно 30 канали за музичарите. Напорно е многу, очекуваме околу 3.000 луѓе во публика, што е сериозна бројка,“ истакна Наумовски.

Најголемиот предизвик за организацијата во моментов се временските услови. Иако желбата на целиот тим е концертот да се одржи под отворено небо во магичниот амбиент на античкиот локалитет Хераклеја, подготвен е и „План Б“. Доколку времето не дозволи, настанот ќе биде преместен во спортската сала во Битола.

Нов албум со најголемите хитови и нови песни

Зад името на Борче Наумовски стојат четири студиски албуми. Неговите почетоци се врзуваат за 1997 година, кога ја издаде својата прва касета во продукција на тогашната Македонска радио-телевизија.

Наумовски зад себе има преку 35 фестивалски настапи, поради што колегите и публиката често го нарекуваат „фестивалско дете“.

По повод јубилејот, тој најави и нов проект. „Нов албум the best of me, 30 години на естрадата собрано се во едно. 6-7 нови песни и додадени се песни од претходниот албум, односно послушаните песни. Најново пред месец дена имам нов видео запис „Моја љубов, моја судбина“ – така ќе го насловам и мојот албум.“-рече тој.

На новинарско прашање како се чуствува во пресрет на јубилејот тој вели: „Горд сум на она што го правам, да го заокружам. И пак ќе речам само сакам да ни се погоди времето за концертот Господ Златен, да не ни врни, бидејќи друг е амбиентот во Хераклеја, а друго е ако се премесуваме во спортската сала. Се чувствувам прекрасно, исполнет во душата и се надевам дека нема тука да застанам туку ќе продолжам и понатаму да творам. Мене ме викаат и фестивалско дете и зад себе имам преку 35 фестивали, кои за жал ги имаме се помалку и помалку.“-рече Наумовски.

Врвна музичка поддршка: Оркестар од 17 членови под диригентска палка на проф. Стојчевски

Посебен белег на концертот ќе му даде големиот оркестар кој ќе го придружува Наумовски во живо. Со оркестарот ќе раководи познатиот професор Кирил Стојчевски, долгогодишен соработник и близок пријател на пејачот.

„Нас нè поврзуваат многу работи и со Борче се чувствуваме како браќа. За мене е огромна чест што низ годините се консултира со мене за неговото творештво. Имам напишано повеќе песни за него, а дел од нив публиката ќе ги слушне на претстојниот концерт. На сцената ќе бидеме во состав од 17 изведувачи од сите музички секции – вклучувајќи гудачи, дувачи, хармоники, гитари и придружни вокали,“ изјави проф. Стојчевски, честитајќи му го големиот јубилеј.

Концертот кој ветува многу емоции, квалитетна македонска песна и вистински визуелно-музички спектакл е закажан за среда, 22 јули 2026 година, со почеток во вечерните часови на Хераклеја. Специјални гости на концертот се Татјана Стефановска, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Кате и Трајче Соната и маестро Кирил Стојчевски со големиот оркестар. Водителка ќе биде Ирена Спировска.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми