Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Култура

Не се врткај наоколу гола - Комедијата која ги полни салите низ Хрватска доаjѓа во Битола

Објавено: 14 октомври 2026, 11:03 ч.

Не се врткај наоколу гола - Комедијата која ги полни салите низ Хрватска доаjѓа во Битола

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура на 16.10 со почеток од 19.00 ќе биде изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, режисер Силвио Стилиновиќ, на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.

Гостувањето на овој театар е во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура.

Претставата е базирана по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена да ја поттикне меѓународната јавност да се запознае со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, се со цел да се претстави и запознае македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција.

Во претставата играат: Фабијан Тадиќ, Петра Ковачевиќ, Славко Радовановиќ, Петар Опачак, Антониот Јуричиќ. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ, сценографијата на Златко Орешковиќ и Саша Кариќ. Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театарите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска.Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци.

Режисерската работа на Стилиновиќ успева во она што е тешко дури и за професионалните ансамбли – да извлече од младите актери спонтаност, автентичност и одлично темпо на претставата, што ја држи публиката будна од првата до последната сцена. Заедно со асистентот-режисер Саша Кариќ, тој создаде претстава која го нуди она што публиката најмногу го сака – вистинска смеа. Додека културната сцена често се жали на недостаток на млади луѓе, овој пример од Славонски Брод покажува колку е важно да се инвестира во аматерски театри. Тука се младите луѓе кои избираат глума, креативност и соработка и се вистинска реткост, но и капитал на заедницата во кој треба да се инвестира.

Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод.

СКМ често се нарекува театар на тркала. Голем број гостувања, од Битола, Витез, Крагујевац, Бјеловар, Сињ, е една од значајните карактеристики на работата на театарскиот ансамбл. Втората секако е Аматерскиот театарски фестивал во организација на СКМ., и трето, во своето долгогодишно постоење, СКМ е местото од каде што 11 млади луѓе ги пронашле своите повици во животот и студирале или дипломирале на уметничките и театарските академии од Осиек, Загреб, Сплит до британскиот Лидс.

Оваа година Хрватскиот културен центар беше организатор на повеќе значајни манифестации, иницијатор на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НУУБ. „Св. Климент Охридски“ Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ Сплит, организатор на неодамнешната турнеја на КУД Илинден во Хрватска, учесник на меѓународни конференции и семинари и сл.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми