Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 15 јули 2026, 17:53 ч.
Свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“: Нингбо симфонискиот оркестар ја освои битолската публика
Битола повторно станува глобален центар на културата. Синоќа, во преполната сала на Центарот за култура во Битола, со спектакуларен концерт на реномираниот Нингбо симфониски оркестар (Ningbo Symphony Orchestra) од Народна Република Кина, официјално започна 56-то издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.
Музиката како универзален јазик без граници
Битолската публика имаше ретка и ексклузивна можност во живо да ужива во мајсторството на оркестар кој редовно ги полни престижните светски сцени. Низ моќните звуци и виртуозноста на кинеските уметници, уште еднаш се потврди дека музиката е најубавиот универзален јазик кој со леснотија ги надминува сите географски, јазични и културни разлики.
„Долгите, стоечки аплаузи и неверојатната енергија во салата беа најубавата потврда дека Битола како конзулски град има префинет вкус, знае да препознае врвна уметност и со соголено срце да ја пречека.“
Битола – Точка на поврзување
Овој незаборавен концерт беше само првата од многуте „точки на поврзување“ кои допрва следуваат. Во деновите што доаѓаат, фестивалот ветува богата програма која ќе ја претвори Битола во шаренолик мозаик каде светот се среќава преку традицијата и фолклорот од сите меридијани, магијата на играта и шаренилото на народните носии и песната која ги зближува луѓето.
Гласовите, чекорите и традицијата од целиот свет деновиве ќе одекнуваат низ Широк Сокак. Добредојдовте на 56. „Илинденски денови“ – вашата точка на поврзување!, порачаа од Центарот за култура Битола.
📸 Фотографии: Сашо Ставрев
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025